
Денеска, при крајот на денот, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со раководниот тим на пожарникарите од Австрија изврши хеликоптерско извидување, со полицискиот хеликоптер, на пожарите на територија на општините Берово и Пехчево за потребите за дејствување и противпожарните координирани методи и тактики коишто странските пожарникари ги преземаат заеднички со домашните сили согласно и безбедносни мерки за заштита и на пожарникарите и на населението.