
Новата амбасадорка на Република Македонија во Австралија, Билјана Стефановска Сековска, ги предаде акредитативите на генералниот гувернер на Австралија, Дејвид Хрли.
Според протоколот, церемонијата на предавање на акредитативите беше со сите државни почести.
На предавањето на акредитивите, Стефановска Сековска вети дека ќе работи на зајакнување на односите меѓу Македонија и Австралија.
Амбасадорката Стефановска-Сековска е првата амбасадорка на Македонија во Австралија каде што живее бројна македонска заедница.