
Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со ковид-19, соопштија локалните власти.
– Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик-секретарот на градската влада Ли Тао, пренесува Ксинхуа.
До саботата, во последниот бран од заразата, во Вухан беа регистрирани 37 локални пренесувања на коронавирусот, како и 41 асимптоматски случаи