
Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Аеродром, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 07.08.2021 била измамена од едно лице.
Според пријавеното, лицето телефонски ѝ кажало дека нејзиниот син прегазил малолетник, но доколку му даде одредена сума на пари тој може да помогне да не издржува затворска казна.
Како што е пријавено, тие се договориле и таа му ги дала парите, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.