
Жалиме што ДУИ одлучи ревносно да му служи на тој кој најпогрдно ги навредуваше Албанците, ги навредува и Македонците, а за самите нив пред украдените избори во Јули 2020 велеше дека се корумпирани и дека се криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Илјадници млади Македонци и Албанци последните години ја напуштија Македонија токму поради ваквото расфрлање на народни пари по коктели и паради. Тетово е најзагаден град во Македонија зимно време, а летно време има недостиг за вода. Чаир е Мека на дивоградбите и хаосот во урбанизацијата. Неколку километри автопат до Косово уште е на самиот почеток, нема инвестиции, нема подобри услови за живот, а веќе две децении гледаме едните исти луѓе како ги лажат и крадат Албанците во Македонија со тоа што ја повторуваат 2001 година, истакнуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Жалиме што наместо да бидат модерна зелена европска партија тие се враќаат 20 години назад во минатото“.