
ВМРО-ДПМНЕ во убедливо водство пред СДСМ според најновата анкета на Националниот демократски институт од САД. Ако сега се одржат изборите 14 отсто од избирачите ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ а СДСМ 10 проценти.
Трета позиција ја делат ДУИ и Левица со 5 отсто, додека Алијанса за Албанците би ја поддржале 4 проценти. На другите партии отпаѓаат 5 отсто, а високи 39 проценти не се изјасниле, додека 19 не би гласале.
Битно е да се нагласи дека ова изјаснување е ако пратиите одат сами на избори без коалициони партнери.
Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ значи дека народот не поддржува криминали, неорганизираност и нефункционалност.
Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%, преку CAPI и CAWI телефонски и интернет анкети. Нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април годинава.
Истражувањето е спроведено телефонски.Оттогаш во Македонија се случи повторниот бран на корона, немањето на вакцини па за очекување е поддршката за власта да се намалува.
И како капак на се ги имаме пожарите, каде власта во недостик на опрема и кадар беше принудена да бара помош од неколку земји.
НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.