
Голема еуфорија владее во Париз. Со доаѓањето на Лионел Меси во ПСЖ се формираше исклучително силен тим. Но, изгледа дека не се сите задоволни со новото големо засилување во тимот.
Додека Нејмар со огромно воодушевување го дочека доаѓањето на поранешниот соиграч со Барселона, другата голема ѕвезда на клубот, Килијан Мбапе наводно не е среќен со таквиот развој на настаните.
Како што пренесува познатиот француски новинар Тибо Везиријан, младиот француски напаѓач побарал од клубот да го пуштат да замине уште ова лето во Реал Мадрид, истакнувајќи дека не сака да игра со Лионел Меси. Ако не му излезат во пресрет, тогаш тој секако ќе замине наредното лето, кога ќе му истече договорот.
Долго траеја преговорите меѓу ПСЖ и Мбапе околу продолжување на соработката, но до договор не дојде. Се надеваа во Париз дека со доаѓањето на Меси ќе успеат да го убедат Мбапе да се предомисли, но излгеда дека тоа предизвика сосем спротивен ефект.