Првпат во историјата се намалил бројот на белци во САД

Според најновите податоци на Американското биро за цензус првпат во историјата се намалил бројот на белци во САД.

Од 2010 година бројот на белци е намален за 8,6 проценти. Додека белци, кои не се со хиспано потекло, сега се околу 58 отсто од американската популација, додека во 2010 нивниот процент изнесувал 63,7.

Во исто време забележан е раст од 23 отсто помеѓу латино популацијата, додека процентот на жители од азиско потекло е над 35.

Според најновите податоци, бројот на Афроамериканци е зголемен за 5,6 отсто.

– Американската популација се повеќе станува мултирасна и етнички разновидна, истакна претставник на Бирото за цензус, Николас Џоунс.

Бројот на жители во изминатите десет години зголемен е за 7,4 проценти, што е најбавен раст во американската историја. Во периодот од 2000 до 2010 година бројот на Американци бил зголемен за 9,7 отсто.