Иран смета дека американскиот „неуспех“ во Авганистан е можност за траен мир

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси оцени во понеделникот дека „американскиот воен неуспех“ во Авганистан, претставува можност за воспоставување траен мир во оваа земја.

Со почетокот на повлекувањето на странските сили од Авганистан, по американско-талибанскиот договор од Доха пред две години со кој радикалното исламистичко движење се обврзува дека територијата на земјата нема да се користи за планирање и изведување терористички напади врз САД и нивните сојузници, талибаните постепено ја завладеаја територијата земјата. Отстапувањето на владините сили од сите региони речиси без никаква борба, во неделата кулминираше со талибанското заземање на главниот град Кабул.

Вашингтон, инаку, претходно го обвинуваше Техеран дека тајно им помага на талибанските борци во судирите со американските сили, иако фактички тоа никогаш не беше докажано, ниту потврдено од некој веродостоен извор. Иран децидно ги негираше ваквите американски тврдења, поддржувајќи ткн „инклузивна“ авганистанска влада којашто би ги вклучувала сите етнички групи и религиозни секти.

„Американскиот воен пораз и повлекувањето мора да станат можност за обновување на животот, безбедноста и трајниот мир во Авганистан“, изјави Раиси пренесе иранската дравна телевизија.

Шиитски Иран иналу е непријател на радикалните сунитски талибани со децении, но последните неколку години неговите дипломати отворено двострани или во рамки на регионални иницијативи се среќаваа со политичките претставници на движењето Талибан. Техеран во јули беше и домаќин на преговоерите меѓу претставниците на тогашната авганистанска влада и високата талибанска политичка комисија.

Иран во неделата објави дека подготвил привремено сместување во три покраини за авганистанските бегалци. Меѓутоа, имајќи предвид дека иранската економија е тешко погодена од американските санкции, Техеран ги поттикнува повеќе од два милиона авганистански бегалци без документи и уште 800.000 регистрирани кои веќе се наоѓаат на иранската територија, да се вратат во татковината.