
Американските војници пукаат во воздух на аеродромот во Кабул во понеделникот за да ги спречат стотиците луѓе да излезат на пистата, додека локалните медиуми јавуваат дека неколку луѓе загинале паѓајќи од авионите кои ја напуштаат авганистанската престолнина.
„Масата е надвор од контрола. Беше пукано само за да се намали хаосот“, изјави неименуивна американски функцуонер за Reuters.
Илјадници Авганистанци го преплавија аеродромот обидувајќи се да се качат во воените или цивилни авиони за да избегаат од земјата откако талибаните блегоа во главниот град Кабул во неделата, а претседателот Ашраф Гани кој побегна и веројатно се наоѓа сѐ уште во Таџикистан, призна дека исламистите „победиле“.
Кабулскиот аеродром е под контрола на американски војници кои помагаат во евакуацијата на персоналот на странските амбасади,
Во меѓувреме, на интернет се појавија снимки направени од очевидци на кои наводно се гледаат луѓе кои паѓаат од авион додека се обидува да добие височина. Според една од верзиите, неколку лица се прицврстиле за делови од долниот трап на авионот во обид да побегнат од Авганистан. Точниот број на настраданите засега е непознат, но се шпекулира дека има најмалку пет жртви на ваквите очајнички обиди за бегство.
Телевизиите известуваат дека на аеродромот во Кабул владее хаос и поради постојаното летање на хеликоптерите кои од градот ги изнесуваат вреботените во дипломатскиет мисии. Има информации дека толпата во налет навлегла во аеродромската зграда стравувајќи за животите пред новите власти.
И додека на аеродромот владеат очајот и хаосот, улиците на Кабул во понеделникот осамнаа пусти. Зградите и канцелариите се празни, а делот од градот во кој беа сместени дипломатските претставништва е потполно испразнет.
Civilians captured an Airbus A340-313 (w / n YA-KMH) of Kam Air at #Kabul airport. pic.twitter.com/AcjExpMZiL
— Ali Özkök (@Ozkok_A) August 16, 2021