
Боб Дилан е обвинет за сексуално злоставување на 12-годишно девојче во 1965 година, според тужба поднесена во петокот.
Американските медиуми пренесуваат дека денес 80-годишниот музичар наводно сексуално ја злоупотребил тужителката која е наведена во досиејата под иницијалите Џ.Ц. и дека и се заканувал со физичко насилство. Во тужбата се наведува дека злоупотребата наводно се случила повеќе пати во период од шест недели во април и мај 1965 година, а некои инциденти наводно се случиле во неговиот стан во хотелот „Челзи“ во Њујорк.
Правните документи до кои дошле од USA Today тврдат дека Дилан „го искористил својот статус на музичар за илегално да и дава дрога и алкохол на малолетната девојка“.
Портпаролот на Дилан рече дека „тврдењето е невистинито и музичарот енергично ќе се брани“.