
Советот за безбедност на Обединетите Нациии повика преку преговори во Авганистан да се формира нова влада, која ќе биде „обединета, инклузивна и репрезентативна и ќе вклучува целосно, еднакво и значајно учество на жените во неа“.
Советот повика и на итен прекин на непријателствата и кршење на човековите права, а на сите страни да им се даде итен, безбеден и непречен хуманитарен пристап.
Во исто време, водечките авганистански ТВ-станици продолжуваат да емитуваат програма, но водителките и презентерките исчезнаа од малите екрани, пренесува Би-Би-Си.
Талибанскиот службеник Анамулах Самангани најави општа амнестија за сите во Авганистан и ги повика жените да се приклучат во нивната влада.
– Исламскиот емират не сака жените да бидат жртви – изјави талибански претставник.
Тој додаде дека структурата на новата влада се уште не е целосно позната, но врз основа на претходните искуства, треба да има целосно исламско раководство и сите страни да бидат вклучени во неа.