
Вирусот е како најпрецизен снајперист. Тивок, невидлив, подмолен. Само вчера успеа да „рани” најмалку 999 луѓе и да „убие” 14, вели професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
А кога државата ни е преплавена со „снајперисти” нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.
И да во целост се согласувам дека сите кои веќе беа „ранети” од овој убиец имаат подобар, или еднакво добар штит како нас „истренираните”.
А „цивилите” кои не веруваат дека сме под „вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасил животот.
Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме.
А генерали ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден!, напиша професорот на фејсбук.