
Македонската кошаркарска репрезентација беше поразена во средата вечерта од Словачка со 72:88 во последното коло од претквалификациите за Светското првенство 2023 одиграни во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Благодарение на подобрата кош-разлика од своите ривали, избраниците на селекторот Драган Бајиќ „балонот“ во Скопје го завршија на првото место со биланс две победи и два пораза.
Словачка со оваа убедлива победа го освои второто место и исто така обезбеди учество во квалификациите, додека Швајцарија не мина во следната фаза, бидејќи заврши на последното (трето) место.
Пласман во квалификациите од другите групи обезбедија: Португалија, Шведска, Летонија, Белорусија, Црна Гора и Исланд.