Претседателот Гани во Емиратите, а преплашените Авганистанци се обидуваат да излезат од земјата

Хаотичните сцени и во средата се гледат околу аеродромот во главниот град Кабул, додека западните земји итаат со извлекувањето на своите државјани и авганистанските соработници, привилегија којашто ја имаше авганистанскиот претседател Ашраф Гани кој е безбеден во Обединетите Арапски Емирати.

Од кабулскиот аеродром изминатите часови во средата полетале француски, холандски, германски, шпански, чешки и полски авиони. Новинарите од теренот јавија за пукање пред аеродрокот кој го контролираат американските војници.

Неименуван западен функционер изјавил за Reuters дека во последните 24 часа се евакуирани околу 5.000 дипломати, припадници на обезбедувањата на мисиите и хуманитарни работници, како и Авганистанци кои стравуваат од одмаздата на талибаните.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е во оваа земја во Персискиот залив.

„Министерството може да потврди дека го прими претседателот Гани и неговото семејство на хуманитарна основа“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.

Гани побегна од Авганистан во неделата попладнето додека талибаните влегуваа во Кабул. Досега не беше познато каде се наоѓа, а се нагаѓаше дека пребегнал во соседен Таџикистан, каде чекал да се префрли во трета земја.

Авганистанскиот амабасадор во Таџикистан во средата тврдел дека Гани со себе понел 169 милиони долари. Бегството на Гани го нарекол „предавство на татковината и народот“, пренсе BBC. Руската амбасада во Кабул во понеделникот објави дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани побегнал од земјата со четири автомобили и хеликоптер претоварени со готовина и дека морал дел од парите да остави бидејќи сите не ги собирало.

Талибаните во вторникот во помирлив тон рекоа дека сакаат мирољубиви односи со другите држави и дека ќе ги почитуваат правата на жените во рамките на исламскиот шеријатскиот закон.

Но и во средата илјадници луѓе кампираат во близина на аеродромот во Кабул во надеж дека ќе успеат да го напуштат Авганистан по доаѓањето на талибаните на власт, пренесуваат агенциите повикувајќи се на очевидци. На улиците спијат мажи, жени и деца исчекувајќи ја можната евакуација.

Гласините според коишто сите коишто ќе успеат да стасаат до аеродромот ќе бидат евакуирани, натераа многу Авганситанци да се упатат кон него.

Германија за средата планираче четири евакуациски летови од Авганистан во Узбекистан и досега успеа на безбедно да однесе 400 свои државјани, а Франција по воздушен пат усепа да евакуира повеќе граѓани кои од талибаните се сокриле во зградата на француската амбасада во Кабул.

И Италија сака да воспостави воздушен мост,. Првиот авион со 86 патници слета во средата на аеродромот крај Рим, објави министерството за одбрана.

Американската војска ќе одлучува за отворање или затворање на одредни пристапни точки на аеродромиот, замајќи ја притоа предвид моменталната состојба, изјавиле функционери.