Бајден: Никој не предвиде дека авганистанската војска ќе се распадне толку брзо

Брзиот колапс на авганистанската армија што доведе до заземање на власта во земјата од страна на радикалното исламистичко движење Талибан беше невозможно да се предвиди, рече во средата американскиот претседател Џо Бајден во интервју за телевизиската мрежа ABC News и додаде дека американските војници во Авганистан може да останат и по крајот на август.

„Сценариото во коешто власта (во Авганистан) ќе мине во рацете на талибаните се засноваше на претставата дека армијата од 300.000 војници коишто ние ги обучивме и опремивме ќе се распадне или ќе се предаде. Мислам дека никој не го предвиде ова“, рече Бајден.

Претседателот во интервјуто рече и дека американското разузнавање ја дозволувала можноста за пад на авганистанската влада кон крајот на годинава, но немало консензус во разузнавачката заедница околу такавите прогнози.

„Мислам дека немаше консензус… Тие велеа дека тоа (падот на владата во Кабул) поверојатно би се случило кон крајот на годината“, рече Бајден.

Американските власти и претходно признаа дека биле изненадени од брзината со којашто талибаните ја преземаа власта во земјата без никаков отпор од страна на авганистанската армија.

Бајден додаде и дека американските војници во Авганистан ќе останат до целосната евакуација на сите американски граѓани и авганистански сојузници, доколку е потребно и по крајниот датум на повлекувањето 31-ви август.

„Доколку останат уште американски граѓани, ќе останеме таму сѐ додека не ги извлечеме сите“, реле Бајдени во интервјуто за ABC News.

Додаде дека ќе бидат направени напори тоа да се спроведе до првични утврдениот рок за целосното повлекување до 31-ви август.

Во моментов, како што рече Бајден, во Авганистант се останати 10 до 15.000 Американци за кои е потребна евакуација, како и 50 до 65.000 Авганистанци, коишто САД исто така имаат намера да ги евакуираат поради нинвата безбедност.

Американскиот претседател истакна дека талибаните соработуваат со САД во евакуацијата на Американците, но дека има проблеми си евакуацијата на локалните граѓани. Бајден истовремено призна дека талибанските напади врз американскиет сили се избегнати благодарение на договоро меѓу талибаните и неговиот претходник на должноста Доналд Трамп.