
Сергеј Андреевски на 27 август, на затворањето на 17. меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ која ќе се одржува во село Цапари, и на различни локации низ Битола од 20 август, ќе ја отвори изложбата „Азбука“ , посветена на Блаже Конески.
Изложбата е циклус од 31 слика – за секоја буква од македонската азбука, и има своја приказна.
Изложбата ја нареков „Азбука“ со цел да се разбуди јавноста за значењето на македонската кирилична азбука и нашиот јазик, особено сега, кога секојдневно е оспоруван, но и поддршка за славење на името и делото на научникот, творецот и создателот на нашата современа азбука Блаже Конески, во годината кога се одбележуваат 100 години од неговото раѓање, изјави уметникот Андреевски за Независен весник.