Наскоро поединостите за можната изборна соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата АА/А

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска, по новинарско прашање околу тоа кога може да биде објавена коалицијата со Алијанса за Албанците/Алтернатива, истакна дека набрзо ќе бидат соопштени деталите.

„Ќе имаме седница на Извршниот комитет на којашто што ќе ги прецизираме сите работи, но исто така оставаме сите органи на сите партии да се произнесат за потоа да направиме каков и да е договор“, порача Мисајловски.

Посочи дека во коалиција ќе се приклучат и други партии.

„Можеби се помали, но ќе учествуваат и ќе помагаат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори“, додаде Мисајловски.