Познати сите полуфиналисти во Копа Либертадорес

Последниот полуфиналист на елитното јужноамериканско клупско натпреварување Копа Либертадорес е Барселона Гвајакивил од Евкадор која благодарејќи на повеќето голови постигнати на гости го елиминираше бразилски Флуминесе.

Првиот меч во Бразил заврши со резултатот 2:2, а ноќта кон петокот по македонско време реваншот во Еквадор заврши исто без победник 1:1, па еквадорската Барселона оди натаму, благодарејќи на правилот за постигнати повеќе голови на гостински терен.

Решавачкиот погодок за минување во следната фаза од натпреварувањето во 73 минута го постигна Гонзало Мастријани, додека Флуминесе израмни дури во продолжувањето, кога прецизен беше Фред.

Палмеирас, које актуелен првак на Јужна Америка, прв докде до полуфиналето победувајќи го градскиот ривал Сао Паоло со 4:1. Во средата му се приклучија Фламенго и Атлетико Минеиро. Фламенго во четвртфинелтот ја елиминираше парагвајска Олимпија, а Атлетико Минеиро аргентинскиот великан Ривер Плата.

Фламенго од првиот меч имаше предност над Олимпија од 4:1, а во реваншот во Бразилија беше 5:1. Со вкупен резултат 9:2, бразилскиот клуб лесно се пласираше меѓу четирите најдобри.

Атлетико Минеиро, пак, ја победи Ривер Плата на својот терен во Бело Хоризонте со 3:0, и ја потврди победата од 1:0 од првиот дуел во Буенос Аирес.

Атлетико Минеиро во полуфиналето ќе се соочи со бранителот на титулата Палмеирас, а Фламенго со Барселона Гвајаквил.

Аргентински Индепендиенте има најмногу освоени титули во Копа Либертадорес – седум, но последен пат во 1984 година.