
Министерството за внатрешни информира дека во сообраќајната несреќа која се случи доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица повредени се млади жени на возраст од 32 и 26 години.
„Возило ‘форд–ка’ се превртело движејќи се кон езерото ‘,Младост’. Со автомобилот управувала 32-годишната Е.А., а како сопатник била В.И. на 26 години, двете од Велес“, велат од МВР за Курир.
Двете жени се здобиле со тешки повреди.
„Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен, а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет“, информира д-р Василка Пановска Поп Стефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.
Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.