
Борците од терористичките организации Ал Каеда и Исламска држава го одржуваат своето присуство во Авганистан, но нивниот точен број не им е познат на САД, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
„Знаеме дека Ал Каеда е присутна во Авганистан, како и Исламската држава. Не веруваме дека (бројот на нивните борци таму) е алармантен, но немаме точна бројка“, рече Кирби на редовниот брифинг со новинарите.
„САД сметаат дека инцидентите на насилство од радикалните талибанци против Американците кои го напуштаат Авганистан се неприфатливи“, додаде портпаролот на Пентагон.
Од него беше побарано да ги коментира извештаите за насилство на талибанците врз Американците, што ги објави вчера американскиот минситер за одбрана Лојд Остин за време на разговорот со конгресмените.
„Сигурно сме свесни за овие пораки. Тие се длабоко вознемирувачки. Ние им кажавме на талибанците дека ова е апсолутно неприфатливо и дека сакаме да обезбедиме слободен премин преку контролните пунктови што го контролираат преминот на Американците со документи за идентитет. И тоа се случува,“ рече Кирби.
„Наша задача е да ја обезбедиме безбедноста на аеродромот во Кабул“, додаде портпаролот на министерството за одбрана на САД
За време на вчерашниот телефонски брифинг за членовите на Претставничкиот дом, шефот на Пентагон зборувал за случаи кога талибанците тепале Американци во Кабул, објави Politico, повикувајќи се на свои извори