
Преоптеретени се болниците во Тетово, Гостивар, а делумно во Кичево и Струга. Ваква е состојбата со болниците низ Македонија по четвртиот силен бран на коронавирус.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека целосно исполнета е и Инфективната клиника со модуларната болница каде има над 130 хоспитализирни.
Со целосно исполнет болнички капацитет е и Институтот за туберкулоза, а Центарот за рехабилитација во Козле од денес почнува со работа. Таму има централен довод со кислород има капацитет од 120 кревети.
„Пациентите од другите градови на кои им е потребна хоспитализација ќе се препраќаат тука. Доктори и сестри од клиниките ги прекинуваат одморите и доаѓаат на помош во Центарот во Козле за да се воспостави и сменско работење“, истакна Филипче.