
ВМРО-ДПМНЕ овие локални избори нуди енергични кадри коишто имаат визија, план, стратегија и развој на секоја општина. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека преку кандидатите за градоначалници нудат нова сила која што ќе донесе подобри промени во општините низ државата и искоренување на криминалот и корупцијата кои се длабоко навлезени поради власта на Заев.
„Кандидатите за градоначалници преку своите проекти нудат место за секој еден граѓанин да почувствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина. Криминалната банда СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие. СДСМ нуди стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори. Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Време е за одлуки кои ќе испратат јасна порака до власта дека нивното заврши. Промените доаѓаат“, посочуваат од партијата.