
Многубројни Хаиќани се собраа овој викенд во селата на југозападот на земјата на погребите на своите блиски и литургиите една седмица по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 2.200 луѓе.
Во некои од најтешко погодните градови и села во потресот урнати беа и црквите, па заупокојните литургии се одржуваа на отворено.
„Денеска сите плачеа по оние кои ги загубија“, изјавил свештеникот Марк Орел Саел на литургијата во предградие на Ле-Кајес, југозападен град кој е еден од најтешко погодените.
„И сите се под стрес, бидејќи земјата и натаму се тресе“, додал Саел, пред околу 200-ина собрани верници.
Земјотресот беше со магнитуда 7,2 по Рихтер. Заганаа најмалку 2.207 луѓе, 344 сѐ уште се водат како исчезнати, а 12.268 се повредени.
Спасувачките операции ги отежнуваат поплавите и тешко оштетените патиша, а помошта бавно пристигнува, поради што населението е многу незадовлно. Некои камиони со помош биле и ограбени, соопшти властите.