Талибаните објавија зашто испратиле стотици борци во Панџшир

Целта на воената операција во провинцијата Панџпшир, коај останува единствената област од Авганистан која не е под контрола на милитантите, е обединување на земјата под власта на радикалното исламистичко движење Талибам озјави портпаролот на политичката канциларија на движњето Мухамед Наим.

Во неделата вечерта беше објавено дека талибанските борци упатени кон Панџшир се во готовност и очекуваат наредба од своите водачи за дејствување. Претходно денеска, талибаните дадоа рок од четири часа на водачот на локалниот отпор на таџикистанската заедница Ахмад Масуд, син на Ахмад Шах Масуд која се бореше против советската инвазија во 1980-те, Ахмад Шах Масуд а кој во 1990те годни ги предодеше против-таибанските сили Северна алијанса убиен од терористите во 2001 година, неговите борци да го положат оружјето и да ја признаат талибанската власт.

„Нашата цел е да ја обединиме земјата, не можра да има различни режими во неа. Меѓутоа, некои посакуваат проблеми. Доколку проблемите не можат да се решат со меѓусебно разбирање, последното решение останува војна“, рече Наим во интервју за локална телевизија коментриајќи ја намерата на талибаните да го нападнат Панџшир.

Во својот одговор Масуд рече дека Панџшир нема да се предаде и дека неговите жители се подготвени да се спротистават, исто како и во текот на советското воено присуство во земјата. Масуд ги потврди и информациите на западните медиумите, кои објавија дека покрај локалната таџикистанска милиција под негова команда, во долината пристигнале и војници на разбиената владина војска кои пристигнале со вооружување од други региони на Авганистан, вклучителни и припадници на специјалните сили.

Малку подоцна во неделата вечерта, талибаните на твитер профилот на Исламскиот емират Авганистан, како што ја прогласија новата држава, потврдија дека испратиле стотици свои борци во Панџшир.

„Стотицви борци на Исламскиот емират се упатуваат кон провинцијата Панџшир за да воспостават контрола над неа, бидејќи властите одбија мирно да ја предата контролата над регионот“, се наведува во соопштението.

Овие вести следуваат откако во петокот и саботата имаше изјави од двете страни за преговори меѓу лидерите во Панџшир и талибаните за мирен трансфер на власта.