
Во саботата во 11,10 часот на автопатот „Гоце Делчев“, пред клучка Коњари скопско, патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Б.П. од Штип, излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 47-годишната М.П. од Штип, додека возачот и 17-годишна сопатничка од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.