ВМРО-ДПМНЕ: Со „ефикасните“ мерки на Заев над половина милион луѓе едвај преживуваат со 2 евра на ден

Тоа што СДСМ се фали со кредитен рејтинг кој се дефинира како ѓубре, покажува колку вистински не им помогнале на стечајците кои тие ги направија. Врвниот приоритет на СДСМ и Заев е криминалот и корупцијата. Поради негрижата на Зоран Заев и СДСМ околу 60.000 граѓани останаа без работа, а 5.600 фирми ставија клуч на врата. Со „ефикасните“ мерки на Заев речиси над половина милион луѓе едвај преживуваат со 2 евра на ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ дека воделе вистинска грижа за стечајците.

Од опозицисата партија додаваат дека јавниот долг во последните четири години е зголемен речиси двојно. Потрошени се над 15 милијарди евра, а народот е се посиромашен.

„Дури и според Стандард и Пурс Македонија е земја со висок ризик за неможност да ги финансира своите долгови кон кредиторите. ББ – кредитниот рејтинг во полето на високоризични земји го одвраќа секој инвеститор или комерцијална банка која ќе сака да и позајми пари на државата или да го стори тоа, но по енормно високи камати. Оваа оценка на Стандард и Пурс кажува дека сите кредити во иднина ќе бидат со потенцијално повисоки камати. Предизборниот поткуп и популистичките мерки на СДСМ овојпат не инуваат, граѓаните се цврсто решени да го казнат на 17-ти октомври.

Време е за одговорен пристап и мерки кои ќе креираат развој. Време е за Македонија за сите луѓе“, стои во партиското соопштение.