Милан стартуваше во Серија А со гостинска победа

Во дуелот од првото коло на новата сезона во италијанското фудбалски првенство во понеделникот вечерта во Џенова, Милан славеше со 1:0 против Сампдорија.

До победата во која беше вложено многу труд, Милан кој настапи без Златан Ибрахимовиќ дојде со погодокот на Брахим Дијаз во 9 минута.

Кај „Росонерите“ се истакна новодојдениот голман Мајк Менјан, а другото француско засилување на Милан, Оливие Жиру во самиот финиш од мечот не реализираше две стопроцентни шанси.

Претходно во понеделникот Калјари ремизираше со 2:2 на свој терен против Специја која имаше водство од два гола.

Гостите поведоа веќе во 7 минута со голот на Емануел Гиаси а водството го удвои Симоне Бастони во 58 минута, а Сардинијците израмнија за кусо време преку Жоао Педро во 62 и во 66 минута од пенал.