Сѐ уште нема доволен број попишувачи, но Владата е уверена дека пописот ќе се одржи во најдобар ред

Одржувањето на пописот на населението не е доведено во прашање и покрај тоа што земјава се соочува со недостиг на теренски лица кои ќе го спроведат, премиерот Зоран Заев уверуваше во понеделникот дека до 5-ти септември, ќе се пријават доволен број попишувачи кои ќе ја реализираат најмасовната статистичка операција.

„Дефинитивно се пополнува бројот на попишувачи. Се повеќе и повеќе се пополнуваат посебно во оние региони каде што недостасуваа. Апелирам да се пријавуваат, едноставно е, само на апликацијата треба да направат пријава на веб страната на Статистика. Ова е важно затоа што ова е операција која ја спроведуваме по 20 години. 25.000 – 40.000 се приходите за 25 дена”, рече Заев.

Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават по електронски пат до 25-ти август, а за нив ќе биде организирано тестирање.