
Англиската фудбалска Премиер лига нема да ги пушти на репрезентативните натпревари оние играчи од нејзините клубови кои би требале во септември да ги играат натпреварите за пласман на Светското првенство во земјите кои се на британската „црвена листа“ за патувањеа поради опасноста од зараза со коронавирусот.
Од Премиер лигата ваквото решение го образложија со тоа што играчите кои би патувале во земјите од „црвената листа“ по враќањето во клубовите би морале да одат во самоизолација во траење од десет дена, па би морале да пропуштат најмалку два првенствени натпревара.
Според обајвата од англиската лига, речиси 60 играчи би требало да патуваат во 26 земји коишто се наоѓаат на британската „црвена листа“.
„Премиер лигата денеска едногласно одлучи дека нема да ги пушта играчите на репрезентативните натпревари во земјите од црвената листа. Одржани се опсежни разговори и со Англиската федерација и со Владата за да се изнајде решение, но на сила останува загриженоста за јавното здравје во врска со патниците од земјите кои се на црвената листа, и тоа без исклучок“, објави Премир лигата.