
Ова не смее повеќе да биде слика за Ѓорче Петров и за депонијата во Ново Село !
Изутрина еден наш сограѓанин ми го испрати ова видео, во кое се гледа како камион во сопственост на општината депонира отпад во депонијата во Ново Село која е голема како десет фудбалски игралишта !
Депонијата е огромен, огромен проблем за целата општина ама најзасегнати се Ново Село, Даме Груев, Волково, Кисела Јабука.
Практично, тие кои што треба да се грижат за оваа депонија, која по големина е веднаш по градската депонија Дрисла сами депонираат отпад и свесно го загрозуваат здравјето на нашите сограѓани.
Овој проблем ќе го решиме брзо и одлучно !
Ќе покажеме како се решаваат проблемите кога интересот на граѓаните, нивното здравје и чистата животна средина е пред личниот профит !
Ќе го оплемениме просторот и ќе понудиме идеи за негово урбано интегрирање.
Не за Ѓорче Петров како огромна депонија !
Да за чиста, средена и урбано интегрирана општина !
Следете не за нашите решенија за овие проблеми, кои за скоро ќе ги објавиме !
Фејсбук статус на Александар Стојкоски