
За точно седум дена, следната среда, учениците повторно ќе влезат во училишните клупи, а дел од нив сè уште не ги зеле свидетелствата за минатата учебна година.
Денеска при посетата на ФЕИТ, министерката за образование и наука Мила Царовска посочи дека свидетелствата за минатата учебна 2020/2021 година се доставени од Бирото за развој и образование до училиштата и ќе им бидат доделени на учениците до крајот на законскиот рок, 31 август, или на првиот училиштен ден.