
Почетокот на 18. Mеморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ е одложен за 10 септември поради пандемијата на коронавирусот и неповолната епидемиолошка состојба во државата.
„Како и секоја година стартот на „Сокол 2021“ беше планиран за 1 септември, но одлуката за одложување е донесена со цел и верување дека до тогаш ќе се создадат услови за реализација на истиот од аспект на поголема имунизација, поповолната епидемиолошка состојба и олабавување на мерките и протоколите. За нас како организација најголем приоритет е здравјето на сите учесници и публиката истовремено. Се со цел да ги испочитуваме мерките и протоколите донесени од страна на Владата, како на трибините така и помеѓу учесниците, донесовме одлука да го одложиме почетокот на „Сокол 2021““, пишува на Фејсбук страницата Турнир во мал фудбал Оливер Соколов – Сокол.
Орагнизаторите истакнуваат дека паријавувањето на екипите ќе трае до 7 септември.
А подетални информации може да се добијата на телефонските броеви: 077 655 699 и 077 655 98.
https://www.facebook.com/MemorijalenTurnirSokol/posts/4148410701944631