Овие судии го одобриле фалсификатот на обвинителката Стефанова

Софче Гаврилова-Ефремова, Огнен Ставров и Васка Николовски-Масевска се имињата на судиите членови на Советот за оценка на обвинителниот акт на обвинителката Лиле Стефанова кои не ги отвориле списите од предметот „Плацеви на Водно“ и не виделе дека некој им подметнал фалсификуван доказ со што грубо влијаел на постапката, пишува новинарот Горан Момироски за Експрес.

Тој вели дека сите тројца судии сега се соочуваат со опасност поради тоа што не навлегле подлабоко во тврдењата на приговорот од одбраната да бидат виновни што по долг процес и дејствија и направени огромни трошоци ќе пропадне процес кој немал правна основа.

Како што и претходно објави Плусинфо, скандалот произлезе откако се дозна дека контроверзната јавна обвинителка Лиле Стефанова со фалсификуван доказ го затворила предметот и на Судот кој го оценувал обвинителниот акт му подметнала изјава на Никола Груевска, кого таа ниту го видела, нити го сослушала во истрагата што ја водела.

Во продолжение ви ја пренесуваме колумната на Горан Момироски во целост:

„Текстот на колегата Саше Димовски во порталот Сведок за фалсификуваниот доказ приложен во обвинение, кое иако фалично, поминало во судот, е една од индициите за операцијата во која се инволвирани политичари, судии и обвинители. Колегата Димовски кој е еден од најголемите авторитети во правосудството дури и во конкуренција со многу судии и обвинители во случајот ‘Плацеви на Водно‘ открива тежок криминал и низа сомнителни работи за кои нема соодветно објаснување.

За случајот има и нови или ново-стари моменти поврзани со правно поведение на тројца судии во предметот ‘Плацеви на Водно‘ каде обвинителката Лиле Стефанова подметнала фалсификуван документ поради чија употреба од судот случајот морал да биде запрен, а Стефанова да биде разрешена од својата функција.

Иако судот сега тврди дека одбраната навреме не го забележала фалсификатот од Стефанова и не реагирала за да се исправи противправното дејствие вистината е дека судот навреме добил реакција, барање односно приговор за одбивање на обвинителниот акт поради ускратени права во постапката на на еден од обвинетите но истото го одбиле.

Во приговорот до Основниот кривичен суд наменет за Советот за оценка на обвинителниот акт на Стефанова не се наведува точниот број и ознака на фалсификуваниот доказ доставен од обвинителката Стефанова, но тоа не смеело да ги спречи тројцата судии од Советот за оценка на обвинителниот акт да ги отворат списите од предметот и да видат сами дека некој им подметнал фалсификуван доказ со што грубо влијаел на постапката.

Имињата на членовите на Советот се Софче Гаврилова Ефремова, Огнен Ставров и Васка Николовски Масевска.

Сите тројца сега се соочуваат со опасност, поради тоа што не навлегле подлабоко во тврдењата на приговорот од одбраната, да бидат виновни што по долг процес и дејствија и направени огромни трошоци ќе пропадне процес кој немал правна основа. Судиите можат формално правно да се вадат дека во Приговорот на обвинителниот акт на адвокатот Мехмет Сефери кој го брани првообвинетиот Никола Груевски не се наведува точната ознака на фалсификатот на Стефанова, но ако ги отвореле списите ќе виделе дека на судот му е подметнат фалсификат кои тие не го забележале. Со оглед на нивното искуство тешко е да се тврди дека не виделе нешто што може да го забележи и студент на прва година право дури и на универзитетот на Мерко. Со оглед на нивните биографии многу полесно е да се помисли дека намерно не сакале да видат каков фалсификат им е подментнат. Со оглед на нивното познавање на правото уште полесно може да се помисли дека работеле по нечиј налог, од политички центар кој има личен и партиски интерес процесот да се турка по секоја цена дури и кога е јасно дека процедурата е прекршена а некој во истиот процес правел криминал со подметнување на фалсификувани докази.

Ова е особено лесно да се помисли ако се знае дека обвинителката која подметнала фалсификат е главен кандидат за идна шефица на Одделот за организиран криминал во Јавното обвинителство.

А тоа е истото обвинителство кое изминатиот период по партиски налог заедно со дел од судиите врши правна тортура врз многу луѓе и кое направи многу (не)намерни грешки кои однесоа многу невини луѓе в затвор.

Тие што ќе ме обвинат дека јас или колегата Димовски го браниме Груевски да им кажам дека се бранам сам. Затоа што се почесто слушам дека на ред за ‘обработка‘ од моќниците на власт и нивните вазали во Обвинителството и судот се неколку новинари и ‘премногу гласни‘ граѓани. Едвај чекам“, пишува Момироски.