
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов пред неколку дена имаше позитивен тест на ковид-19, но на денешното тестирање дозна дека е негативен и ќе биде во комбинација за квалификациските натпревари на Македонија за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски доби одлични вести и Николов навреме ќе му се приклучи во составот пред првиот собир на репрезентативците.
Николов за краток период ги надмина проблемите со ковид-19, па така ќе може да му помогне на Милевски и неговите сонародници во борбата против Ерменија, Исланд и Романија.
За 2 септември е закажан мечот против Ерменија во Скопје, по што следи пресметка против Исланд на 5 септември, додека на 8 септември се игра натпреварот против Романија.