
Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ пред неколку дена потврди дека се развела од Игор Којиќ, со кого беше во брак шест години, а денес нејзините фанови беа изненадени од фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм каде е со друг маж.
Пејачката објави фотографија со Филип Милетиќ, долгогодишен соработник, и иако напиша дека никој нема подобар продуцент, веднаш започнаа шпекулациите дека се во врска.
– Мојот продуцент е подобар од твојот, бидејќи хитовите не лажат. Луштица, дали си подготвен? – напиша Северина.
Северина и Филип очигледно заминале на одмор заедно во Црна Гора, каде најверојатно реализираат некои бизнис планови.
Времето ќе покаже дали има нешто повеќе меѓу нив или само соработка.