
Вкупно 47 лица, според грчката полиција, беа приведени за синоќешните инцидентите во центарот на Атина за време на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштуваат дека на протестот, организиран преку социјалните мрежи, учествувале околу 7.500 лица, а како што вчера објави МИА демонстрациите пред грчкиот Парламент завршија со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови со вода.
Инцидентите започнаа кога демонстрантите почна кон полицијата да фрлаат предмети и шишиња, по што специјалните сили одговорија со солзавец и шок бомби, а тензијата од пред Парламентот се пренесе и по околните улици.
Полицијата интервенираше и со неколку цистерни со топови вода.