
Репрезентацијата на Македонија во фудбал се подготвува за натпреварот против Ерменија. Висар Муслиу вели дека е среќен што е дел од репрезентацијата и вели дека се оди според планот.
„Треба да се прилагодиме на идеите на новиот струшен штаб, но тоа мислам дека многумина од нас знаат како бидејќи работеле во У-21 репрезентацијата и мислам дека за брзо време ќе бидеме со чиста глава за што точно мислит и се надеваме дека ќе биде подобро на наша страна“, вели Муслиу.
Тој додава дека ја знаат репрезентацијата на Ерменија и дека неколку пати досега се анализирани нивните добри страни, но тоа треба да се покаже и на терен.