Канада ќе прими 5.000 Авганистанци кои ги евакуираа САД

Канада објави во вторникот дека ќе прими околу пет илјади авганистански бегалци кои од Кабул ги евакуирале американските сили, откако талибаните ја преземаа контролата врз Авганистан.

„Знаеме дека има уште работа на завршувањето на сојузничките операции за евакуација. Правиме сѐ што можеме за да помогнеме на што поголем број Авганистанци кој сакаат да создадат свој дом во Канада“, изјави канадскиот министер за имиграции Марко Мендикино.

Канада евакуирала околу 3.700 Авганистанци преку аеродромот во Кабул, кои авганистанската војна соработувале со канадските трупи. Последниот канадски војник се повлче од Авганистан пред седум години.

Пет илјади авганистански бегалци коишто ги евакуирале САД ќе бидат преселени во рамките на претходниот канадски план да прифати повеќе од 20.000 загрозени Авганистанци, вклучително и активистки за женски права, поборници на човековите права и новинари, за да ги заштитат од можна одмазда на талибаните.

Канадските власти се надеваат дека ќе продолжи да им помага на Авганистанците да емигрираат сѐ додека доколку тоа им го дозволуваат талибаните.

„На Авганистанците со патни исправи мора да им се овозможи сигурно и слободно напуштање на земјата“, изјави на прес-конференција канадскиот министер за надворешни работи Марк Гарно.