13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

СДСМ под маската на Црвен крст, во предизборен период, дели пакети во штипското ромско маало

Партијата СДСМ, глумејќи хуманост, под маската на Црвен крст, токму во предизборен период, веќе неколку пати дели пакети во Ромското маало, обвинува Љубе Здравков од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Тој објави и фотографии на кои вели дека јасно се гледа кажаното.

-СДСМ прават легален поткуп на социјални ранливите категории на граѓани, најверојатно поради сѐ поочигледниот изборен пораз. Но, едно забораваат!  Поткупот се врши со народни пари, кои секако припаѓаат на граѓаните. Затоа, народот слободно да си го земе добиеното, а разумно да одлучи за кој ќе гласаат на овие Локални избори, истакна тој.