
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека закани и говор на омраза наместо програма е понудата на Шилегов.
-Шилегов е во паника и страв од поразот кој ќе му се случи на 17 октомври и затоа ги пушта своите пајташи на директорот на зоолошката градина Галетановски со навреди и говор на омраза да ја напаѓаат Данела Арсовска. Целиот говор на омраза и мизогинија на луѓето околу Шилегов е негов производ. Шилегов е нервозен и во паника, затоа што знае дека губи. Шилегов нема ниту еден проект. Тој вети и не направи продолжување на булевар Илинден и тунел под Кале. Шилегов нема ниту 20% реализација на програмата, се вели во соопштението на партијата.
Скопјани имаат јасен избор. Данела Арсовска, успешен менаџер и докажан професионалец е иднината. Шилегов е минатото.