Нов земјотрес во Хрватска

Умерен земјотрес утрово по 9 часот ја потресе пошироката област Шибеник во Хрватска.

EMSC (Европски сеизмолошки центар) известува дека јачината на земјотресот била 3,2 степени, а епицентарот бил на 12 километри западно од Шибеник во Јадранското Море, на длабочина од околу два километри, пренесува Индекс.