
Пејачката Ребека Јанковска- Ристески на „Фејсбук“ луто реагираше поради тоа што за децата со попреченост, во кои спаѓа и нејзиниот насјтар син, не се обезбедени лични асистенти на самиот старт на новата учебна година.
-Учениците со попреченост утре нема да тргнат во училиште со образoвни и лични асистенти. За некои деца не е возможно да следат настава без асистент! Дали сте свесни!!!!? Сè уште не знаеме кои асистенти и кога ќе бидат вклучени. Дали асистентите се вакцинирани? Се работи за ранлива категорија на деца! Има ли некој што ќе се сети навреме на овие деца???!!“, напиша Ребека на „Фејсбук“.