Шест возачи во Скопје возеле без дозвола, полицијата напиша 121 казна

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 6 за возење без возачка дозвола, 5 за управување под дејство на алкохол, пет за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 42 за непрописно паркирање, информира МВР.