
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во битолската полиција А.Ј од селото Нижеполе, битолско, пријавил дека во близина на стара куќа во пронашол бомба.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување излегол на местото и било констатирано дека се работи за четири рачни бомби од Втората светска војна кои биле безбедно подигнати.