
Хрватската пејачка Јелена Розга повторно е сама веќе неколку месеци откако во медиумите одекна веста дека убавата сплитчанка е заљубена во готвачот Иван Пажанин.
Сепак, сега на прашањето околу љубовниот живот пејачката само кратко одговори дека повторно е слободна.
-Соло сум, вели таа.
Таа инаку во медиумите претходно има откриено дека идеалниот маж треба карактерно да ја освој и истиот да поседува самоувереност и доверба.
-Прво треба да се сака и да се цени себе си, така ќе научите и другите да ве сакаат и да ве ценат вас. И тогаш ќе можете да го остварите својот свет во кој ќе бидете сигурни и недопирливи, вели пејачката.