
Без вода денеска од 08:50 часот ќе бидат корисниците од улицата „Вера Радосавлевиќ“, „Кванташки пазар“, дел од „Перо Наков“ и „Зендел Џемаил“ во Општина Гази Баба.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека причината за прекинот е уличниот дефект на улицата „Вера Радосавлевиќ“ 4 бр,20.
Водоснабдувањето ќе е прекинато до завршување со активностите.