
Повреда на работа
Актерот Милош Биковиќ имаше несреќа за време на снимањето, а повредата на лицето ја сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Instagram.
Популарниот актер моментално работи на бројни проекти, а работата што ја работи, покрај сите предности, има и маани, а доказ за тоа е фотографијата со повредата што ја сподели Милош.
Тој покажа модринка во близина на левото око
– Секоја работа има свои добри и лоши страни. Само некои имаат повеќе добри – стои во описот на фотографијата што тој ја објави.