
Вчера околу 22.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психоптропни супстанци и прекурсори“.
Претходно, од возило во кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле ќесе со кокаин, кое било пронајдено. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.