
Италијанскиот прволигаш Милан потврди на својот официјален сајт дека новото засилување во нападот Оливие Жиру е позитивен на коронавирус.
Францускиот репрезентативец, како што е соопштено, самиот го извршил тестирањето во својот дом и во следните денови ќе остане во изолација.
Милан соопшти дека Жиру не бил во контакт со другите соиграчи од неделниот прволигашки натпревар против Каљари (4-1) на кој 34-годишниот Французин постигна два гола.